Занимливости
ИСТРАЖУВАЊЕ: На чантите има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка
Според најново истражување на Институтот „Гуд Хаускипинг“, во домот постојат осум места и предмети, на кои има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка.
Меѓу нив се и четкицата за заби, далечинскиот управувач и крпите во бањата.
– Малкумина се оние кои имаат време еднаш во седмицата да исчистат се што треба, но и кога имаме време, ги занемаруваме нештата кои носат опасност, се вели во студијата.




