Ви препорачуваме
Шест миризливи предлози за совршен новогодишен подарок!
Новогодишните и божиќните празници се совршен период да им покажете на најблиските колку ги сакате и почитувате, а најдобар начин да го сторите тоа е со соодветен подарок.
Изборот е широк, но козметичката компанијата Avon издвојува листа на шест сетови од нивната палета кои биле најпродавани во 2016. година и воедно пријатно ќе ги изненадат и најпребирливите. Во комплетите доминантни се опојните мириси, но збогатени се и со различни типови на декоративна шминка и козметика.
Компанијата на крајот на септември го претстави ексклузивниот парфем Avon Life креиран од светски познатиот дизајнер Кензо Такада. Тој создаде машка и женска варијанта под мотото „Живеј прекрасен живот“, а главна состојка е темјанушката. Се работи за цвет кој е ценет поради неговите ливчиња кои се дестилираат во софистицирано парфимирано масло. На листата на најпродавани е и ексклузивниот сет Luxe кој содржи маскара, парфем и мини – спреј. Маскарата дава гламурозен изглед, а четкичката се приспособува за совршена дефиниција и интензитет на трепките од коренот до врвовите. Парфемот и мини – спрејот се микс на раскошните магнолија, опоен јасмин и луксузната гарденија.









