Магазин
Бездомник ја спасил од напаѓач, а таа за возврат му купила камп приколка
Бездомникот Марк Шермингтон од британскиот град Шефилд и помогнал на 33-годишната Ели Веб, која една вечера кога се враќала кон својот дом била следена од сомнителен маж.
Храбриот 47-годишен бездомник го пресретнал сомнителниот маж, кој се преплашил од неговите кучиња и побегнал. По ова, Марк ја испратеил Ели до нејзиниот дом и на разделбата таа му го запишала нејзиниот телефонски број на книгата што ја читал.
Како што објави локалниот весник „Виган Тудеј“, следниот ден Марк и се јавил на Ели за да провери дали е добро и дали е се в ред, по што тие останале во контакт.




