Занимливости
Шкотланѓанец ја помешал вратата на тоалетот со вратата од авионот
Дека безбедноста на авионот не познава шеги, Џејмс Грејс го научи тоа на потешкиот начин.
Овој Шкотланѓанец доби забрана за летање од пет години и казна од 600 евра од холандската компанија КЛМ, затоа што во текот на летот на релација Единбург-Амстердам ја помеша вратата на тоалетот со вратата на авионот, кога леталото било на висина од речиси 10.000 метри.
Веднаш откако авионот слета на аеродормот Шипхол, збунетиот патник го дочека полиција која го однесе во затвор каде ја поминал ноќта.




