Магазин
„Скопско Нефилтрирано“ – новина од Пивара Скопје за пивските сладокусци
Пивара Скопје на пазарот го лансираше својот најнов пивски бренд – оригиналното СКОПСКО Нефилтрирано пиво. Оваа нова екстензија на СКОПСКО, создадена според вкусовите на консументите, претставува уште една инвестиција на компанијата во развојот на пивската индустрија во Македонија.
СКОПСКО Нефилтрирано е резултат на долгорочен процес, во чија успешност се вложени традицијата на правење на најпознатото македонско пиво СКОПСКО, како и професионалноста, истрајноста и ентузијазмот на вработените во Пивара Скопје, со што компанијата ја продолжува својата заложба за постојано унапредување и иновации во пивската култура во земјата.
„Како компанија која е лидер на пазарот во пивската индустрија и која повеќе од 94 години живее и дише за потребите на нашите консументи, со овој нов производ во портфолиото на СКОПСКО уште еднаш ја потврдуваме нашата долгорочна стратегија за развој на пивската култура, пивската индустрија и економијата во Македонија воопшто. СКОПСКО Нефилтрирано е само уште една значајна потврда за стручноста и големото знаење на нашите врвни пивски мајстори, за високите технолошки стандарди и квалитетот на нашите производи“, изјави Владимир Косијер, генерален директор на Пивара Скопје.




