Магазин
Следува сезона на грип – заштитете го својот организам и зајакнете го имунолошки систем
Пред нас се студени денови и особено внимание мораме да посветиме на својот имунолошки систем, кој поради ниските температури и тоа како е загрозен. Болеста која се јавува секоја година во текот на овој период и на која речиси никој не е имун е грипот.
Оваа нималку безопасна болест ги зафаќа сите земји во Европа и опасноста од заболувањето трае околу четири месеци. Спорадични инфекции се јавуваат и надвор од сезонскиот период. т.е. во топлите месеци, но зачестеноста на заболувањето многу е ниска.
На ширењето на вирусот на грипот позитивно влијае престојот на луѓето во затворени простори и слабата вентилација, што е случај токму во во текот на зимата.




