Занимливости
„Спасителот на светот“ на Да Винчи заврши во Абу Даби
Аукциската куќа „Кристис“ соопшти дека на Министерството за култура и туризам на Абу Даби му ја предала сликата „Спасителот на светот“ од Леонардо да Винчи, која минатиот месец на наддавање беше продадена за рекордни 380 милиони долари.
– Кристис може да потврди дека Министерството за култура и туризам на Абу Даби го доби „Спасителот на светот“ од Леонардо да Винчи. Воодушевени сме што оваа извонредна слика ќе и биде достапна на јавноста во Абу Даби, се наведува во соопштението.
Сликата е висока 66 сантиметри и се претпоставува дека е изработена околу 1500-та година. На неа е прикажан Исус Христос облечен во ренесансен стил, при што со десната рака благословува, а во левата држи кристална топка.




