Занимливости
Во Германија продадено село за 140 илјади евра
Селото Алвине, во германската провинција Бранденбург беше продадено вчера, на аукција во Берлин, за 140.000 евра.
Како што пренесува „Билд” селото го купил анонимен клиент, кој ја дал по телефон единствената понуда за ова место кое се наоѓа во шума..
Во селото со 15 жители, на 16.000 квадратни метри има девет станбени и повеќе помошни објекти, како и десет шупи и гаражи.




