Занимливости
Точкестото езеро во Канада едно од најнеобичните езера во светот
Одамна е познато дека во светот има секакви природни феномени, но дека може да се налета на езеро полно со точки, тоа, барем на огромен број луѓе, никогаш не би им паднало на памет!
Во близина на градот Осојос, во канадската покраина Британска Колумбија, сместено е Точкестото езеро, во кое се слеваат туристи од цел свет.
Својот, во најмала рака, необичен изглед ова езеро му го должи на високата концентрација на разновидни минерали, како што се магнезиум-сулфат, калциум, натриум-сулфат, сребро и титан.




