Магазин
Тасманија – егзотичен остров на крајот на светот (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Тасманија е едно од оние рајски места коешто треба да го посетите ако патувате за Австралија. Островот се наоѓа на 240 км од континентот, а холандскиот авантурист Абел Тасман бил првиот човек кој го истражил во 1642 година.
Една од најпознатите знаменитости е тасманскиот ѓавол кој во Тасманија е ендемичен вид, и е најголемиот месојаден торбар. Над 40 отсто од островот спаѓа во подрачјето заштитено како светско природно наследство.
Гостопримливите мештани, пријатната клима, традиционалната кујна и опуштената атмосфера нудат фантастична прилика за одмор од сништата.







