Занимливости
Тинејџерка од Романија си ја продаде девственоста за 2,3 милиони евра
Александра Кефрен (18), од Романија, која пред неколку месеци ја стави својата девственост на продажба, со цена од еден милион евра, на крај за тоа доби 2,3 милиони евра, објави „Метро”.
Среќниот добитник е корејски бизнисмен, со когошто допрва треба да се запознае. Александра го објавила огласот преку агенцијата Синдарела Ескортс, на која се нудат разни секс услуги. Се јавиле мнозина заинтересирани, но само еден ја предложил сумата на којашто девојката не можела да одолее.
Агенцијата е одговорна за организација на средбата, односно ќе ја однесе младата Романка до хотелот, во којшто таа ќе се сретне со својот „купувач“.




