Видео
„ТИВКА НОЌ‟: Од локална австриска мелодија до светски празничен хит (ВИДЕО)
Кога божикната песна „Тивка ноќ‟ настанала во Австрија пред речиси 200 години, нејзините автори, а ни тие кои први ја слушнале не можеле ни да претпостават дека еден ден ќе стане светски хит.
Песната, чиј наслов во оригиналот е „Stille Nacht, Heilige Nacht‟, првпат била изведена на Бадна вечер во 1818 година, пред верниците во црквата Св. Никола во Оберндорф.
Зборовите на песната, кои до денес се преведени на над 300 јазици и дијалекти, вклучувајќи ги јапонскиот, велшкиот и фарси јазикот, ја напишал свештеникот Јозеф Мор во 1816 година во време кога Европа се подготвувала за нападите и ужасите од војните на Наполеон.




