Занимливости
Њујорчанка го тужи својот внук затоа што силно ја прегрнал
Њујорчанката Џенифер Конел го тужи својот 12-годшен внук Шон, наведувајќи дека се здобила со трајна повреда на раката поради „неразумното однесување“ на момчето.
Судот многу брзо донесе одлука, дека момчето кое имало само осум години кога ја повредил својата тетка, не е виновен, пренесува српски „Блиц“.
Повредата се случила во 2011 година кога на неговата роденденска забава, Шон, среќен што ја гледа, се стрчал кон својата тетка во прегратки, скршувајќи и го притоа зглобот на раката.




