Занимливости
УШТЕ ЕДНА КРАЛСКА СВАДБА: Принцот Хари и Меган се вериле, свадбата ќе биде на пролет
Кенсингтонската палата денеска преку соопштение испратено до медиумите ја информираше јавноста дека на пролет следната година ќе има уште една кралска свадба.
Имено, принцот Хари (33) и холивудската актерка Меган Маркл (36) се вериле изминатиот период, а свадбата ќе биде на пролет следната година.
Во соопштението, испратено од кабинетот на принцот Чарлс, се открива дека Хари и Меган се вериле на почетокот на месецот и дека 36-годишната Маркл ја запознала кралицата Елизабета Втора и дека Хари добил одобрување од нејзините родители.




