Магазин
Умереното консумирање кафе позитивно влијае на нашето здравје
Универзитетот Саутемптон објави анализа за влијанието на кафето врз нашето тело, заснована на повеќе 200 трудови.
Имено, истражувачите дојдоа до заклучок дека умереното пиење кафе не претставува опасност по здравјето, а три до четири филџани дневно дури може да имаат и позитивен ефект.
Во анализата се наведува дека ризикот од заболувања на црниот дроб и рак, како и низок ризик од срцев удар кој би резултирал со смрт, доаѓа од – прекумерна, или пак, потпросечна консумација. Во споредба со лицата кои не консумираат кафе, оние кои дневно пијат три, четири филџани, имаат намален ризик од срцеви проблеми, и од смрт предизвикан од истите.




