Занимливости
Утре почнува со работа базенот Аеродром (ФОТО)
Летната атракција – Базен Аеродром и оваа летна сезона ќе биде центар на беспрекорните забави и дружења кои што ќе им овозможат на сите посетители максимална сатисфакција и уживање во пеколните летни денови.
Посетителите ќе можат да ја почувствуваат летната водена еуфорија и неверојатната атмосфера со отворањето на Базен Аеродром на 11-ти јуни, сабота од 10 часот.
Очекувањата на метеоролозите за тековната летна сезона во Скопје се базираат на пеколно високи температури, и каде најдобро да се разладите во текот на жешките денови ако не во најдобриот отворен базен во Скопје – Базен Аеродром. Токму затоа, оваа сабота во 10 часот ќе биде почетокот на незаборавното лето што го овозможува базенот со разни летни изненадувања, лудории, забава, бескрајно дружење.





