Магазин
ВАШАТА СЛЕДНА ЗИМСКА ДЕСТИНАЦИЈА: Краков – пајтон, замок и змеј
Краков се смета за еден од најубавите градови на Централна Европа и тој и денес ги носи лузните од Втората светска војна, кои сведочат за бурното минато на овој град.
Како и секој друг град, Главниот плоштад е место откаде треба да се тргне во разгледување. Тука се собираат сите туристи, но и локалните жители.
Покрај уличните забавувачи, на плоштадот од 13. век се одвиваат сите најважни случувања во градот. Со поглед на стариот часовник на Градската куќа може да се појадува во кафе „Лоза“, на полски начин – кајгана и сирење. Потоа за 20 евра може да се изнајми пајтон и направи круг околу строгиот центар.




