Занимливости
Зошто не е можно вратата на авионот да се отвори во текот на летот
Тоа што најверојатно мачи многу патници во текот летот е прашањето дали вратата на авионот може да се отвори во текот на летањето.
Се случувало патници во моментот пред полетување или во текот на летот, случајно или намерно да се обидат да ја отворат вратата од авонот, но речиси никој од нив не успеал во тоа.
– Технички вратата може да се отвори, но само доколку сте во состојба да повлечете сила од три до четири тони. Често пати стјуардесите загрижени влегуваат во пилотската кабина да пријават дека некој од патниците се обидува да ја отвори вратата на авионот. Ние на тоа само се смееме и им велиме да го игнорираат, вели Рон Вагнер од американското воздухопловство.




