Занимливости
Вчерашниот ден траеше 24 часа и една секунда!
Последната минута во вчерашниот ден, според астрономските пресметки, траеше 61 секунда.
Ваквата секунда плус на вчерашните 24 часа беше „вметната“ со цел да се усогласат природните и атомските временски скали.
Поаѓајќи од овој факт, водителот на телевискиот шоу „Ласт Вик Тунајт“, Џон Оливер синоќа реши на своите гледачи да им понуди предлози за тоа што би можеле да направат со дополнителната секунда.




