Занимливости
Вечниот ерген Хју Грант се жени на 57 години
Актерот Хју Грант, кого го сметаа за еден од вечните ергени во Велика Британија, одлучи да се жени.
За 57-годишниот актер ова е прв брак, а негова избраничка е 18 години помладата шведска ТВ-продуцентка Ана Еберштајн.
Двајцата подолго време живеат заедно, а Еберштајн е мајка на три од петте деца на актерот. Грант има и две деца со поранешената девојка Тинглан Хон, со која беше по долгогодишната врска со актерката Елизабет Харли.





