Шоубиз
Синот на Џон Бон Џови и ѕвездата на „Stranger Things“ објавија фотографии од нивната раскошна венчавка
Откако во мај имаа интимна церемонија во друштво на најблиските, актерката Мили Боби Браун (20) и нејзиниот сопруг, синот на рокерот Џон Бон Џови, Џејк Бонџови, повторно се венчаа. Овој пат раскошната венчавка беше во Италија. „Секогаш и засекогаш, твојата сопруга“, му рече ѕвездата од „Stranger Things“ на Џејк.
Новопечениот пар објави фотографии од нивната раскошна венчавка, а се венчаа во вилата „Cetinale“, која важи за една од најубавите вили во Тоскана.




