Шоубиз
Ѕвездата на „Stranger Things“, Мили Боби Браун и Џејк Бонџови тајно се венчале
Се венчаа Мили Боби Браун и Џејк Бонџови. Двојката, која е заедно речиси три години, си размениле завети на приватна церемонија минатиот викенд, пишува магазинот People.
И родителите на Браун и Бонџови (вклучувајќи го и неговиот татко Џон Бон Џови) и нивното „најблиско семејство“ присуствувале на „многу скромна, романтична церемонија“, според The Sun. Тие, наводно, планираат да одржат и поголема церемонија во САД подоцна оваа година.
Досега, младенците сè уште не се огласиле јавно за вестите за нивната свадба или не споделиле фотографии од специјалниот ден.




