Ви препорачуваме
BOCCA DI LUPO нова софистицирана приказна со вкусна храна, пријатна музика и уникатен изглед
На површина од 7.000 метри квадратни, ресторан, хотел со 35 соби и базен со pool bar, е старо-новиот Hotel Mirror и софистицираниот fine, wine and dine Bocca Di Lupo каде љубителите на убава храна, одлична атмосфера и место за релаксација ќе можат да уживаат.
– Самото име BOCCA DI LUPO, значи “среќно-со среќа”, нашиот light мотив има за цел таа позитивна вибрација која го носи самото име да се пренесе и на нашите ценети гости, рече на синоќешното официјално отворање на ресторанот Дејан Петрушевски, кој е менаџер и на хотелот ” Мирор” во рамки на целиот комплекс.
Ресторанот нуди уникатно и незаборавно доживување, секое катче има уникатен дизајн, секој елемент од ресторанот е внимателно избран од највисоките светски брендови, почнувајќи од приборот за јадење, кристални чаши, чиниите и се останато.






