Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

10 дена на море ќе ви го ревитализираат вашиот организам!

Ви препорачуваме

10 дена на море ќе ви го ревитализираат вашиот организам!

Маркетинг

10 дена на море ќе ви го ревитализираат вашиот организам!

Морето е лековито и ако само седите на брегот и гледате во брановите. Но, што е толку добро во морската вода и воздух?

Ако дневно поминувате 15 до 30 минути покрај море, можете значително да го подобрите своето здравје.

Еве зошто:

1. Морскиот воздух

Специфичниот мирис на морето го произведува гасот диметил сулфид. Ако се надишете морски воздух, секогаш ќе спиете подобро, затоа што е богат со негативни јони на водородот, заради кои полесно го апсорбираме кислородот (ова е посебно добро за оние кои имаат проблеми со дишењето). Негативните јони е борат против слободните радикали и го врамнотежуваат нивото на серотонин – хормонот на среќата.

2. Морска вода

Морската вода ги намалува некои од кожните болести како дерматитис. Морската вода помага при повлекување на егземите заради антисептичките состојки. Сепак, мора да внимавате и на сушењето на кожата, редовно да се туширате и да нанесувате хидратантни креми. Морската вода делува како лек за синуси, алергии и настинка, и ги отвора дишните патишта.

3. Сончевата светлина

Сонцето ни помага да ја добиеме потребната количина на витамин Д кој делува повеќе како хормон кој го регулира здравјето на коските, мускулите, имунитетот, сонот и расположението.

Тоа е најдобар начин за превенција од остеопороза. Витаминот Д е корисен при превенција на сончеви болести, рак на градите и простатата, го зајакнува имунитетот и го забавува стареењето.

Сепак, треба сончањето да биде умерено и да внимавате да не изгорите.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.