
Ви препорачуваме
Џејми Ли Кертис на Твитер: „Медена земја“ е зачудудувачки филм!
Познатата холивудска актерка Џејми Ли Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер објави дека „Медена земја“ е зачудудувачки филм.
– Колку совршен момент за овој филм. „Медена земја“ е зачудудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум, објави Ли Кертис.
„Медена земја“ годинава е номиниран за два оскари и тоа во категориите „најдобар документарен филм“ и „најдобар странски филм“.



