Ви препорачуваме
Под слоганот „Напрај се Василичар“ ќе се одржи овогодинешниот Вевчански карневал
Под слоганот „Напрај се Василичар“ ќе се одржи овогодинешниот Вевчански карневал, на кој се најавуваат над 1.000 маски, богата програма со културно – забавни содржини и повеќе од 10.000 посетители од земјата и странство.
Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, на денешната прес-конференција најави дека општина Вевчани и Вевчанци се подготвени за овогодинешниот Вевчански карневал.
„Како градоначалник на општина Вевчани, од особена чест и од голема важност е да го најавам историскиот „Вевчански карневал“ за 2020 година. Повикувајќи се на овогодинешнот оригинален слоган: „Кеојш?“ Ќе ви одговорам: „На Вевчански!“ и ве повикувам и Вам да станете Василичари,“ изјави Јанкоски.




