Халкбанк со акција за посадување нови 9 200 дрвца
Халкбанк активно инвестира во подобрување на еколошката средина за сегашните и за идните генерации. Во глобални рамки, компанијата е дел од коалицијата „Priceless planet“ заедно со Mastercard, чија цел е да се засадат 100 милиони дрва низ светот во следните 5 години.
Својата мисија за позелена планета Халкбанк ја започна уште пред неколку години и досега кај нас има донирано над 25 000 садници, но има и реализирано многубројни активности во рамките на својата платформа „HalkEco“. Во последната акција за пошумување, во која учествуваа вработените на Халкбанк, посадени беа 9 200 дрвца во околината на Куманово.
Платформата „HalkEco“ промовира современ, здрав и еколошки свесен начин на живот. Во средиштето на платформата е апликацијата „HalkEco“, која ги поттикнува корисниците да практикуваат здрав животен стил, да ја намалат емисијата на штетни гасови CO2 и да се вклучат во заштита на зеленилото. Досега корисниците на апликацијата имаат поминато над 701 681 километри во пешачење, трчање, возење велосипед или тротинет, а со тоа обезбедија засадување над 8 771 нови дрвја и ја намалија емисијата на штетни гасови за над 88 806 килограми CO2. Мобилната апликација „HalkEco“ и нејзините 6 469 корисници и натаму во континуитет овозможуваат банката од нивно име да сади уште повеќе дрвја.





