Ви препорачуваме
„Храната е идентитет“ – второ издание на Slow Food салонот посветен на македонската традиционална храна
Оваа сабота (29 октомври) ќе се случува второто издание на Slow Food салон 2022, што го има слоганот „Храната е идентитет“ и ќе се случува во Limak Skopje Luxury Hotel од 12 до 20 часот.
Над 60 изложувачи од целата Македонија ќе ги презентираат своите гурмански адути- сирења, кашкавали, џемови, слатка, домашни сокови, зимници, масла, тартуфи, мед, чоколадо и намази, сувомеснати производи, вина, пива, ракии…, „homemade“ традиционални гурманлуци и деликатеси, се со цел да се потсетиме на потеклото, поврзаноста и мултифункционалноста на храната.
