Јагода диета – намалете ги килограмите вкусно и ефикасно
Диетата со јагоди, која е ем вкусна, ем ефикасна, ги воодушевува сите љубители на оваа нискокалорична овошка. А доколку се придржувате до неа, за една седмица може да „стопите“ два до три килограми.
Во 100 грама јаготки има само 30-на калории, па затоа во оваа диета јагодите се вклучуваат во секој оброк. Самата диета гарантира доволно енергија во текот на денот и едноставна загуба на килограмите.
Препорака е денот да се започне со 300 грама јаготки за појадок, а истата количина се конзумира и за десерт по ручекот. Меѓуоброкот исто така вклучува порција јагоди, а за вечера се препорачува 500 грама јагоди и јогурт со ниска масленост пред спиење.




