Каде на појадок во Скопје?
За тоа каков ќе ви биде денот, многу големо значење има начинот на кој ќе го започнете. Појадокот, како најважен оброк во денот мора да биде внимателно одбран.
Доколку сте љубител на бурек и пецива, пекара Бакал која се наоѓа во ГТЦ Скопје на приземје, е вистинскиот избор!
Тука ќе најдете огромен избор на пецива, како на пример крцкав кроасан со кашкавал или со путер и павлака, пецива со шунка, кулен или сирење, вкусен традицинален бурек и многу повеќе од бројните пекарски специјалитети подготвени по софистицирани француски рецептури.





