Ви препорачуваме
LIVSANE караванот викендов ги топлеше туристите во Маврово и Охрид (ГАЛЕРИЈА)
LIVSANE чај за живот полн енергија
Сите оние кои викендов заминаа во Маврово во потрага по снег, чист воздух и сонце, беа пријатно дочекани со топло LIVSANE чајче.
Целата планина мирисаше на ѓумбир, брусница и на новиот чај „Зимска бајка“ кој претставува мешавина од хербален чај со арома на шумско овошје и јагода. Оние што имаа прилика да го пробаат вкусот, бараа уште.
Со интензивниот и неповторлив вкус и арома на овие висококвалитетни чаеви се дружеа и граѓаните и туристите на Охрид кои беа дојдени по повод Водици. Ладното неделно утро беше создадено за топла напивка и тоа не било која туку онаа на LIVSANE, бидејќи секоја голтка ветува здравје.






