МЛАД МАКЕДОНСКИ ИНОВАТОР: Орхан Багашов со порака до македонската младина!
Генерацијата Z е првата вистински дигитална генерација порасната во време на технологија и електронски комуникации, па логично е да се претпостави дека овие млади луѓе се подготвени за модерните предизвици.
Меѓутоа, во постпандемискиот свет, тие се соочуваат со многу културни, социјални и економски неизвесности и се загрижени за изборот на својата идна професија.
Истражувањето коешто го спроведе Дојче Телеком со 4000 млади луѓе на возраст од 16 до 26 години покажува дека 61% од припадниците на Генерацијата Z се загрижени за професионалните можности и работните места коишто им се нудат во иднина, а повеќе од 43% сметаат дека ги немаат потребните квалификации за да ја добијат работата којашто ја сакаат.




