Храна за „добра ноќ“ – нема да се здебелите, а полесно ќе заспиете
И покрај тоа што нутриционистите нагласуваат дека не е добро да се јаде три часа пред да се оди во кревет, постојат производи кои секогаш се препорачуваат, бидејќи освен што нема да ве здебелат ќе ви помогнат полесно да заспиете.
Се разбира, најчести рецепти за подобар сон на прво место се чаша топло млеко или чај од камилица, па за нив нема многу да пишуваме.
Но, оревите на пример се добра тема, бидејќи се одличен извор на триптофен, аминокиселина која во телото се претвора во серотонин, хормон кој е од суштинско значење за добар сон. Имајќи во предвид дека покрај тоа содржи и мелатонин, втор елемент кој е потребен за добро спиење, неколку ореви пред спиење е најдобар избор.




