Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нов бренд во портфолиото на Пивара Скопје – Heineken 0.0 безалкохолно пиво

КОМЕРЦИЈАЛЕН ТЕКСТ

Ви препорачуваме

Нов бренд во портфолиото на Пивара Скопје – Heineken 0.0 безалкохолно пиво

Љубителите на добро познатиот и уникатен вкус на Heineken имаат уште една причина за задоволство: пристигна Heineken 0.0 со нула алкохол и 100% препознатлив Heineken вкус.

Најновиот пивски бренд во палетата на Пивара Скопје – Heineken 0.0 е освежително безалкохолно лагер пиво кое овозможува уживање во светски познатиот Heineken квалитет во секое време и на секое место. Задоволството е навистина големо затоа што Heineken 0.0 порачува #СегаМожеш, нудејќи им на љубителите на пивото дополнителна опција за уживање без алкохол.

Збогатувањето на своето портфолио на пива, Пивара Скопје го прави во вистински момент, препознавајќи ја потребата за развој на категоријата безалкохолни пива на македонскиот пазар и потребата на потрошувачите за ново и свежо искуство.

Heineken 0.0 доаѓа во вистинско време. Нашата цел е со Heineken 0.0 да понудиме поинакво уживање, ослободено од ограничувањата кои консумацијата на алкохол може да ги нaметне, а сепак да уживаме во вистински вкус на пиво со премиум квалитет. Со проширувањето на портфолиото токму во сегментот на премиум безалкохолни пива, го поттикнуваме развојот на оваа категорија која кај нас е во зародиш и воедно продолжуваме да ја промовираме одговорната консумација. Нашата стратегија за успешно позиционирање на Heineken 0.0 на пазарот се темели пред сè на градење свесност и препознатливост на брендот и создавање нови прилики за консумација секаде каде што има потенцијал, затоа што Heineken 0.0 отвора сосема нов свет на можности за различни категории потрошувачи‘’, изјави Слободан Видиќ, Комерцијалeн директор на Пивара Скопје.

Heineken 0.0 има перфектно балансиран вкус добиен од 100% природни состојки и уникатна рецептура направена од пивските мајстори, како резултат на нивно долгогодишно истражување. Содржи само 21 калории на 100 милилитри, што значи една лименка безалкохолен Heineken од 0.33л. има само 69 калории.

Голем дел од потрошувачите денеска и утре ќе имаат можност да го пробаат Heineken 0.0 на неколкуте „Дестинација 0.0’’ промотивни локации низ Скопје, кои неколку дена ја држеа јавноста во неизвесност. На социјалните мрежи и онлајн медиумите се зборуваше, пишуваше и погодуваше за што станува збор, за конечно денеска сите оние кои ја следеа „Дестинација 0.0“ на Google да дојдат на некои од локациите и се уверат во одличниот вкус на безалкохолниот Heineken 0.0.

Инаку, Heineken 0.0 веќе е достапен и низ продажната мрежа, па сите љубители на пивото сега можат да уживаат во неговиот вкус, кога сакаат и каде сакаат.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.