fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Сезонски совети за безбедно возење во есен

Ви препорачуваме

Сезонски совети за безбедно возење во есен

Есента е сезона на бои. Жолтата, портокаловата и кафената нијанса на пејзажот несомнено примамуваат викенд прошетки.

Од друга страна, пак, таа е воедно и најпредизвикувачката сезона за возачите, бидејќи тие мора да се соочат со паднатите лисја на патиштата, со студено време, со дождот и подолгите периоди на темнина.

Сите овие услови бараат да направите сезонски преглед на вашиот автомобил и соодветно да го прилагодите возењето. Подолу се 9 совети за безгрижно возење наесен.

Милиметарска претпазливост. Тротоарот станува студен и влажен наесен, па затоа е клучно да ги проверите вашите гуми. Длабочината и притисокот на шарата на гумата имаат големо влијание врз зафатот и капацитетот на сопирањето, па експертите препорачуваат шарата да биде длабока повеќе од 2 мм и никогаш помала од 1,6 мм, бидејќи може целосно да ја изгубите тракцијата кога возите на влажна површина со 90 км на час . Понатаму, еднаш месечно проверувајте и дали притисокот на гумите е добар

Паднатите лисја се лизгави како и снегот. Тие се прекрасни за гледање, но лисјата на патот, особено кога се влажни, ја прават површината лизгава како кога возите на снег. Поради оваа причина, сезонскиот возач и тркач Jordi Gené препорачува голема претпазливост во пределите каде лисјата го прекриваат патот, но и да се избегне какво било нагло сопирање. „Ако се најдете во ваква ситуација кога сте среде кривина, не правете ненадејни движења со воланот и доколку гумите не изгубат тракција, не обидувајте се да го присилувате воланот додека не ја вратите контролата“, додава тој.

Видливост, возило пред вас и брзина.  Кога е магловито, а на пример можете да видите само 50 метри пред вас, тоа е и безбедната оддалеченост што треба да ја одржувате со кое било возило напред, но и да не надминувате 50 км на час. „Така можете да бидете сигурни дека имате доволно растојание за да закочите во случај на вонредна ситуација“, објаснува Jordi. Системот за итно сопирање е многу корисен бидејќи го контролира растојанието помеѓу вашиот автомобил и останатите возила пред вас и автоматски ги запира сопирачките кога е потребно.

Заштитете се од одблесокот. Друг совет е да ја зголемите својата видливост со светлата за магла. Jordi предупредува „никогаш да не ги користите вашите долги светла, бидејќи тие создаваат ефект врз магливото ветробранско стакло, што пак ќе ве спречи добро да ги видите возилата пред вас“.

Добра видливост на дожд. Експертите велат дека возењето со бришачи во лоша состојба ја намалува видливоста за 20% до 30%. Тие треба да се заменуваат еднаш годишно, а особено во есен, бидејќи таа е обично и најврнежливата сезона. Возењето со чисти прозорци го отежнува и замаглувањето, што пак може да го спречите и со насочување на отворите за топол воздух кон шофершајбната. Системот за следење и одржување на коловозна лента е исто така корисен кога има слаба видливост, бидејќи ве предупредува доколку се оттргнете од правецот, па дури и ќе направи мали корекции во управувањето на воланот.

Двојно зголемете ја безбедноста. Не мора само да врне дожд за да биде патот лизгав, истото се случува и поради влагата и ниските температури. „Од оваа причина, мора да бидете претпазливи кога возите по патишта во осој, особено кога има кривини“, вели Jordi. Треба да одржувате двојно безбедносно растојание на влажни коловози, а исто така се препорачува од време на време да притиснете на сопирачките за да ја намалите влажноста на нивната подлога и да ја проверите и потврдите нивната ефикасност.

Во случај на излизгување, заборавете на сопирачките. Кратки, обилни дождови се чести наесен, па затоа постои и ризик од излизгување. „Во ваква ситуација, никогаш не ги притискајте сопирачките, сѐ додека тркалата не го вратат контактот со коловозот, па потоа полека исправете го правецот со нежни движења на воланот“, истакнува експертот.

Цврсто држење на воланот кога е ветровито. Силниот ветер исто така може да биде предизвик кога се вози по автопат. Намалете ја брзината и држете го воланот цврсто кога претекнувате камиони, бидејќи во спротивно лесно ќе може да се дестабилизира управувачката способност на вашиот автомобил.

Нема причина да не ги вклучите долгите светла: Со доаѓањето на зимското сметање на времето, деновите стануваат пократки и повеќето луѓе всушност возат во темница. Употребата на вистинските светла е важно, бидејќи 30% од сите несреќи во Европа се случуваат токму ноќе. Долгите светла се препорачуваат на меѓуградски патишта со мала видливост сѐ додека нема магла, но „многу возачи не ги користат од страв да не го заслепат сообраќајот што им доаѓа од спротива. Тука е корисен Асистентот за долги светла“, објаснува Маите Парис, кој е одговорен на одделот за предни светла во SEAT. Овој систем всушност го детектира присуството на возила во двете насоки и соодветно автоматски ги враќа назад стандардните, средни светла.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.