Спорт
Осма шампионска титула за фудбалерите на Вардар во Македонија
Фудбалерите на Вардар ја освоија осмата титула шампион на Македонија откако попладнево во рамките на 31.коло ја победија Ренова со 4:1. По денешното коло познато е дека покрај Тетекс лигата ја напушта и битолски Пелистер.
Играчите на Вардар победата ја обезбедија во првиот дел кога имаа предност од 3:1 на полувремето. Головите за Вардар ги постигнаа: Горан Попов (8.минута), Сенијад Ибричиќ (26.минута и 87.минута – пенал) и Стефан Спировски (39.минута), додека стрелец за Ренова беше Изаир Емини (35.минута).
На дуелот Работнички – Шкендија победа од 2:1 остварија фудбалерите на Работнички. Третиот дуел од плеј оф лигата меѓу Металург и Силекс се игра во понеделник.




