Македонија
Вардарци на гости кај премиерот Заев и претседателот Пендаровски (ГАЛЕРИЈА)
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со ракометарите на РК ,,Вардар” кои на 2 јуни ја освоија титулата Европски првак, откако во финалето на завршниот турнир во финалето на Лигата на шампионите во Келн, Германија го совладаа унгарскиот ракометен клуб ,,Веспрем”.
На следната седница на Владата ќе предложам доделување на награда од 500.000 евра рече премиерот Заев, додавајќи дека Агенцијата за млади и спорт ќе додели дополнителни 100.000 евра, покрај веќе донесената одлука за доделување на 100.000 евра од Советот на Град Скопје.







