Витамин D3 – дали е потребно да го внесуваме и во текот на летото?
Во текот на летото децата добиваат сосема доволна суплементација на витамин D3 преку храна и изложување на сонце, зар не? Тоа и не е потполно точно. Дознајте зошто.
Витаминот D3 е неопходен на децата за здрав развој и цврсти и јаки коски и забчиња, но добар е и за имунитет и одбрана од болести. За детето во текот на денот да ја внесе препорачаната доза од 400 IЕ од витаминот D3 преку храна, храната која би требало да ја изеде е:
- околу 5 чаши млеко
- околу 3 конзерви туна
- 1 средна риба
- околу 15 јајца
Бидејќи тоа е скоро невозможно, родителите ги радува фактот дека витаминот D станува активен со изложување на сонце, а не само по пат на храна. Всушност, под влијание на сончевите зраци, неактивниот облик на витамин D, преминува во активен – витамин D3.




