МК Сцена
УТРЕ МАКЕДОНИЈА ВО ВИОЛЕТОВО: Светски ден за поддршка на лицата со епилепсија
Виолетовиот ден е меѓународен ден, посветен на напорите за зголемување на свеста за епилепсијата во светот.
На 26 март секоја година луѓето се облекуваат во виолетово и на различни настани го одбележуваат овој ден. Оваа година Здружението „Епилепсија Македонија“ ќе го одбележи овој ден под мотото „РАЗЛИЧНИ, А СЕПАК ИСТИ“ во 11 часот на градскиот плоштад во Прилеп, а во соработка со Лигата за борба против епилепсија на Македонија ќе го одбележи „ВИОЛЕТОВ ДЕН“ во 12 часот на плоштад „Македонија“ во Скопје, и во 17 часот во „Skopje City Mall“.
Настанот во „Skopje City Mall“ ќе биде одбележан со едукативно предавање за тоа што е епилепсија, за проблемите на луѓето со епилепсија, како и нивната дискриминација од страна на општеството поради не едуцираност за поимот “Епилепсија”, а свое обраќање ќе имаат и претставници на здружението „ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА“.




