Ви препорачуваме
ВИДЕО: На повидок нова Ејми Вајнхаус
На социјалните мрежи се појави видео на кое осумгодишната Норвежанка, Ангелика Јордан ја изведува композицијата „What A Difference A Day Makes“ на Дајна Вашингтон.
Видеото со голема брзина се прошири низ интернет, а веќе се појавија и оценки дека во Ангелика светот добива нова Ејми Вајнхаус.
Иако има само осум години, Ангелика ги воодушеви не само Норвежаните, туку и речиси сите ширум светот што го погледнале видеото со нејзиниот настап.




