Занимливости
Во Дубаи ќе се гради нова највисока зграда на светот
Во Дубаи наскоро треба да почне изградба на зграда која ќе биде повисока од Бурџ Калифа, моментно највисоката зграда на светот, соопшти денеска градежната компанија „Емар“.
– Изградбата ќе чини околу една милијарда долари, а зградата ќе биде „малку повисока“ од Бурџ Калифа, најави претседателот на управниот одбор на „Емар“, Мохамед Алабар, претставувајќи ги деталите на проектот.
Тој истакна дека висината на зградата ќе биде објавена по завршување на изградбата, додавајќи дека планирано е тоа да се случи пред 2020 година, кога Дубаи ќе биде домаќин на светската изложба „Ворлд Експо“.




