Магазин
Во што уживаат супер-богатите гости во хотелите
Кога гостите се подготвени да платат 43.000 долари за одмор од една недела, хотелите би требало да ги наградат со некои неверојатни бенефиции, пишува „Дејли Мејл“.
За една ноќ во апартман, кој чини 5.947 долари во хотелот Риц-Карлтон во Њу Орлеанс на пример, на располагање имате посебен батлер, задолжен за вашиот мамурлак, поточно за негово ублажување со помош на вода, грицкалки и масажа.
Од бесплатните супер-автомобили до пристигнувањето од „од небо“, постојат голем број хотели кои се подготвени на своите гости да им обезбедат неверојатни предности за одредена сума пари.




