Магазин
„ВОГ“: Белград еден од културно најживите градови во Европа
Главниот град на Србија доби висока туристичка оценка и добри препораки од американското списание „Вог“. Градот се опишува како боженствен спој на сегашноста и минатото.
Влијателниот американски магазин „Вог“ објави листа на дестинации на Балканот, на кои туристите не им се многу познати, но се препорачуваат како приоритетни кога станува збро за патувања во следната година, а меѓу нив е и Белград, опишувајќи го како „еден од културно најживите градови во цела Европа“.
Ова познато списание наведува дека покрај познатите острови, повеќе убави приморски градови и живописните староградски улици и старата тврдини во Хрватска и Црна Гора на Балканот постојат и земји со импресивна природа и динамичен културен живот, кои, како што нагласува треба да се посетат, а конкретно се препорачуваат шест дестинации.




