Шоубиз
Александра Пријовиќ ја заврши својата турнеја со концерт во Белград
Српската млада музичка ѕвезда Александра Пријовиќ синоќа одржа спектакуларен концерт во белградската „Штарк Арена“.
Тоа беше последен концерт како дел од нејзината регионална турнеја „Od istoka do zapada“.
На концертот од првите редови ја бодреа нејзините најблиски членови на семејството како и голем број познати личности меѓу кои беше и нејзиниот кум Ацо Пејовиќ.





