Занимливости
За што тинејџерите молчат или лажат?
Што и кога тинејџерите премолчуваат пред своите родители? Колку е опасно кога сами се обидуваат да решат проблем на кој не му се дораснати? На овие прашања многу родители не го знаат вистинскиот одговор.
Психијатарката Александра Бубера за српскиот портал Б92 вели дека основно и најбитно во односот со децата е да се создаде доволно доверба уште на најрана возраст.
– Тинејџерите секогаш премолчуваат нешто пред родителот ако направиле „беља“ за која ќе бидат казнети, понижени, навредени или пак, истепани. Така себеси си отежнуваат уште повеќе, објаснува докторката.




