Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

10 факти за Европското првенство

Занимливости

10 факти за Европското првенство

10 факти за Европското првенство

Денеска започнува 16-тото по ред Европско првенство во фудбал, кое ќе се игра низ неколку европски земји.

Сакаш да дознаеш повеќе за едно од најпрестижните натпреварувања? Ова е правото место.

Во продолжение погледнете 10 интересни факти за Еуро 2020.

Слично е со Светското првенство, но е само за европски тимови

На Светското првенство , земјите што се имаат квалификувано за овој турнир, се натпреваруваат за титулата најдобра фудбалска нација во светот. Значи, Европското првенство е како Светското, но е само за европски тимови. Ако мислите дека можеби ќе ја видите репрезентацијата на Бразил или Аргентина, ќе бидете разочарани. Исто како и Светското првенство, и Европското се одржува на секои 4 години.

Одложено е за 1 година благодарение на КОВИД-19

Во 2050 година, ако ве прашаат на некој тривиа квиз која година е одржано Еуро 2020 и ако одговорите 2020 година, веднаш ќе изгубите поени.

Како што сугерира самото име Еуро 2020, требаше да биде одiграно во 2020.  Благодарение на пандемијата со коронавирусот, турнирот беше одложен за 2021 година, но организаторите го задржаа името Еуро 2020.

КОВИД-19 ќе влијае на публиката на стадионите

За овие натпреварувања како Европското, присуството на публиката е клучно. Сепак, иако некои стадиони ќе можат да бидат целосно исполнети, некои ќе дозволуваат пополнетост на 50% од капацитетите, а во некои земји само 25% .

 Ќе се натпреваруваат 24 земји

Кога за првпат било одржано Евроспкото првенство, 1960 година, имало само 4 земји учеснички. Овој формат продолжил се до 1980, кога се зголемил на 8 земји, за потоа во 1996 да се зголеми на 16  земји за наредните 5 првенства се до 2016-тата година. На Еуро 2016, како и на Еуро 2020, 24 земји се борат за престижниот трофеј. Тоа се:

Група А: Турција, Италија, Велс, Швајцарија

Група B: Данска, Финска, Белгија, Русија

Група C: Холандија, Украина, Австрија, Северна Македонија

Група D: Англија, Хрватска, Шкотска, Чешка

Група Е: Шпанија, Шведска, Полска, Словачка

Група F: Унгарија, Португалија, Фрнација, Германија

 Актуелниот шампион ќе игра во “групата на смртта”

На секој фудбалски турнир постои некоја таканаречена “група на смртта”, која е всушност најтешката група за да се помине понатаму. Оваа година тоа е групата Ф каде што се наоѓа актуелниот шампион Португалија и фудбалските гиганти Франција и Германија, како и Унгарија. Со среќа Унгарија!

Домаќини ќе бидат 11 земји

Обично ваквите натпреварувања се одржуваат во 1 или 2 земји, но УЕФА одлучи Еуро 2020 да го организираат неколку земји како мала прослава на 60-тиот “роденден” на Европското првенство.

Домаќини ќе бидат 11 градови: Лондон, Санкт Петербург, Баку, Минхен, Рим, Амстердам, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов, Севиља.

За првпат ќе се користи ВАР

Како што веќе е познато, низ целиот фудбалски свет се имплементираше технологија која што ги разгледува судиските одлуки, со надеж да се минимизираат нивните грешки. Но, иако помогна во минимизирање на грешките сепак беа донесувани и некои контроверзни одлуки кои што доведоа до поголема драма. Со оглед на тоа што ова е првпат, може да очекуваме и малку драма и на ова првенство.

Кристијано Роналдо ќе настапи по 5-ти пат

Роналдо, можеби најпознатиот фудбалер на светот, ќе го игра своето петто Европско првенство каде првпат  настапил во 2004 година. Тој го дели првото место за најдобар стрелец на едно првенство со постигнати 9 погодоци, кој ги постигнал за 21 натпревар на 4 различни првенства. Беше дел и од тимот кој го освои Еуро 2016 . Иако има 36 години, тој сепак не е најстариот натпреварувач.

Најстариот играч има 38 години, додека најмладиот 17

Титулата најстар играч на првенството со 38 години и 258 дена му припадна на фудбалерот на Холандската репрезентација Мартен Скетеленбург. Полската репрезентација го носи најмалдиот игра на првенството, тоа е 17-годишниот Кацпер Козловски.

Ќе се одигра вкупно 51  натпревар 

Форматот е ист како и на претходното првенство. Секој тим ќе игра по три натпреври во групната фаза, на крајот првите два тима од секоја група и 4 најдобри третопласирани од групите одат во следната фаза. Тоа е  нокаут фаза, што значи ако изгубиш си надвор од натпреварувањето. Имаме 4 рунди: осминафинале, четвртфинале, полуфинале и финале.

Првиот натпревар се игра вечерва во 21 часот помеѓу Турција и Италија.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.