Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

5 лесни предлози за спас од досадните комарци

Занимливости

5 лесни предлози за спас од досадните комарци

За време на летото ништо не е поздодевно од комарците, чешањето и отоците кои ги оставаат.

Иако комерцијалните средства се делотворни, оние поквалитетните најчесто имаат превисока цена. Затоа, постојат неколку природни средства кои исто толку ги оттргнуваат комарците од вас.

Лимон

Лимонот има силен мирис и ги брка комарците. Во дневната, на тераса или во двор, или во спалната, земете лимон исечете го на 4 дела и ставете го во чинија со малку сол. Нема да видите комарец.

Алкохол

Доколку не ви пречи опојниот мирис на домашната  ракија, истријте го телото со неа. Така сигурно ќе ги оттргнете комарците од вас.

Чад

Познато е дека инсектите не го поднесуваат мирисот на запален материјал, ниту топлиот оган, иако неговата светлост ги мами. Затоа, кога и да сте во природа, одржувајте тивок оган кој ќе ја направи таа територија недостапна за комарците.

Миризливи масла

Етеричните масла од невен или еукалиптус се одлично средство против вечерните здодевни комарци. Доволно е да капнете само неколку капки масло во врела вода која испарува и ќе останете заштитени цела ноќ. Или пак, маслото можете да го нанесете на неколку делови од телото бидејќи никако не и штети на кожата.

Зачини

Ако не знаевте дека босилокот, нането, лавандата и рузмаринот со својот мирис ги одбиваат комарците, ви го откривме нивното магично дејство. Кога и да сте во можност, набавете барем еден од овие зачини и наполнете мали вреќички кои ќе ги оставите насекаде по домот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.