Занимливости
75 години бикини – незаменлив дел од секој летен одмор на дамите
Жените го обожуваат, а важи и за еден од најпопуларните костими за капење – бикини.
Нераскинливиот дел од секој летен одмор на дамите, бикинито, името го добило по остров во Тихиот океан.
Современото бикини, женски дводелен костим за капење, настанало во Франција, а за тоа е заслужен Луј Реар кој на почетокот на јули 1946 година, на модната ревија во Париз првпат го прикажал тој изум.




