Носиите не се само културно наследство туку и модна традиција низ вековите
Mакедонската јавност да се запознае со македонската мода и традиција низ вековите е главната цел на проектот поддржан од министерството за култура, а воедно и да се едуцираат сите генерации за тоа какви биле етапите на творештвото, започнувајќи од македонските носии и вклучувањето на останатите националности кои живеат денеска кај нас.
На настанот се обрати професорката Лидија Георгиева од Технолошки-металорушкиот Факултет и Борче Димитровски, Потпретседател на КУД Илинден. Излагање свое преку видеа со презентирање на моделите и инспирација од одредени декади имале сегашни и дипломирани студенти при ТМФ и гардероберот на КУД Илинден кој говорел за градските и селските носии во минатото.
– Основната динамика на изгледот без разлика дали е историски костим или мода, е базирана врз фактот што најголемото влијание доаѓа од социоекономските прилики, но и климатските услови. Од голема важност за секое општество е да го сочува со особена грижа и внимание своето наследство, кај нас конкретно народните носии, бидејќи тие се важен дел од нашата историја и идентитет. Моментално нашата модна сцена е во фаза на продуцирање на голем број дизајнери, на некои од нив им претстои интересна иднина, но само доколку се воспостави релација помеѓу креативните сили и индустриските капацитети, без тоа се ќе остане само на ниво на независни дизајнери кои произведуваат интерсни креации во мали количини. Тоа е од една страна добро, на земјата и треба независна модна сцена, но исто така и треба и успешен локален бренд на индустриско ниво, рече професорката Георгиева.




