Занимливости
ХРВАТСКА: Од Нова година данок од 100 евра годишно за сопствениците на кучиња
Сопствениците на кучиња во Хрватска би можеле од 1 јануари 2017 година да плаќаат државен данок од 100 евра за своите миленичиња.
Хрватските власти планираат да донесат Закон за заштита на животните, а токму таквата одредба е составен дел на тој предлог, пишува „Слободна Далмација“.
Јавната расправа за предлог-законот е завршена, а Министерството за земјоделство на Хрватска се уште ги составува одговорите на доставените коментари.




